Убиецот на Џон Ленон, Марк Дејвид Чепмен, не жали што во 1980 година го убил популарниот музичар од легендарните „Битлси“, но признал дека се срами за стореното дело. Чепман во август годинава десетти пат побарал помилување од судот за убиството, но и овојпат неговото барање за пуштање на условна слобода е одбиено, пренесува магазинот „Ролинг стоун“. Извештајот од неговото барање во јавноста е објавен пред неколку дена.
„Пред 30 години не можев да речам дека се срамам, но сега знам што е срам“, рекол Чепмен на сослушувањето.
Убиецот на Ленон додал дека како што поминувале годините, така сè повеќе се срамел што пукал во еден од најпопуларните музичари на сите времиња. На сослушувањето тој повторно ги прераскажал настаните од 8 декември 1980 година кога успеал да земе автограм од Ленон, па го убил неколку часа подоцна. Чепмен рекол дека се борел со одлуката дали да го убие или не, оти Ленон бил многу љубезен кон него.
„Премногу бев опседнат со идејата да го убијам. Се сеќавам дека помислив: ‘Еј, доби автограм на албумот, ти го потпиша, само оди дома’. Но, не постоеше шанса само така да си заминам дома. Одлучив да употребам шупливи куршуми кои се посмртоносни од обичните. Се осигурав дека куршумите ќе го убијат. Веднаш по пукањето бев загрижен да не страда“, рекол Чепмен.
Текстот Марк Дејвид Чепмен не се кае што го убил Џон Ленон е превземен од Reporter.mk.