„Маша и кашата“ влезе во Гинисовата книга на рекорди

Епизодата „Маша и кашата“ од рускиот цртан филм „Маша и медо“ влезе во Гинисовата книга на рекорди како најгледан цртан филм на „Јутјуб“, соопшти компанијата „Анимакорд“. Оваа епизода има повеќе од 3,4 милијарди прегледи со што е единственото анимирано видео во светот што се наоѓа меѓу петте најпрегледувани содржини на „Јутуб“.

Првата епизода на „Маша и медо“ беше емитувана пред 10 години, во јануари 2009 година. Премиерата на следната епизода, под наслов „Животот е театар“, е најавена за 25 јануари.

Текстот „Маша и кашата“ влезе во Гинисовата книга на рекорди е превземен од Reporter.mk.