Тоа што сте во изолација не значи дека треба да прекинете со негата на лицето и телото. Не мора да одите на козметички третмани за да имате убава кожа. Напротив, сами дома можете да направите маски со состојки што ги имате во кујната.
Главната предност на маската за лице која можете сами да ја направите е, всушност, тоа што точно знаете кој вид на состојки да ги ставите на своето лице. Без тајни, без несакани ефекти. Со самото тоа доколку знаете што точно ѝ одговара на вашата кожа, можете да создадете маска која совршено ви одговара и нема да ви ја иритира кожата.
Хидратантна маска од алое и рузмарин
Потребно: 4 лажици свежо алое, 1 капка масло од рузмарин, 1 капка масло од рицинус.
Состојките потребно е да се соединат и да се нанесат на лицето. Маската да се остави на лицето барем 10 минути и потоа темелно да се испере. Оваа маска не само што мириса фантастично, туку и кожата длабински хидратира и негува.
Обновувачка и хидрантна маска со арганово масло
Потребно: 1 лажица на витаминот Е, 1 авокадо и ¼ шолја масло од авокадо, како и 1 капка арганово масло.
Состојките е потребно да се изблендираат додека не се добие соединета смеса. Истата нанесете ја на лицето и оставете ја во потполност да се исуши. Потоа, тргнете ја со влажна крпа. Витаминот Е во оваа формула дава противвоспалителни својства, додека авокадото ја хидратира кожата и создава природна бариера за зачувување на хидрацијата.
Маска од кокос, бадем и ананас
Потребно: ¼ шолја сечкан ананас, 2 лажици мелени бадеми и 1 лажица кокосово млеко.
Сите состојки е потребно да го измиксирате и да ја држите маската на лицето околу 15-20 минути. Оваа маска на посебен начин го стимулира лимфниот систем и го враќа природниот сјај на вашата коса.
Маска против стареење на кожата
Потребно: пола шолја бадемово масло, пола шолја грчки јогурт, 2 листа праска, ¼ лажичка цимет и малку мед.
Сето тоа измиксирајте го и држете го на лицето околу 15 минути. Исто така вишокот можете слободно да го дегустирате. Пријатно!
Текстот Маски за лице што можете да ги направите сами е превземен од Reporter.mk.