Маските не помагаат во борбата против ПМ-10 честичките

Маските не помагаат во борбата против ПМ-10 честичките, велат експертите. Овие честики се со големина од 10 микрометри од каде го добиле и името. Додека покрупните честички се задржуваат на носот, овие честички можат да навлезат длабоко во нас и да продрат во белите дробови.

Нивниот состав може да биде различен, но големината им е иста. Тие претставуваат смеса на дим, чад, прашина и киселина од тешки метали.

Кога концентрацијата на овие честички се движи меѓу 0 и 20 микрограми по метар кубен, велиме дека квалитетот на воздухот е одличен, а добар е додека не премина преку 40 микрограми. До 50 микрограми воздухот е прифатлив, а преку тоа, воздухот го сметаме за загаден.

Ако концентрацијата на честички надмине 100 микрограми, што често се случува кај нас, велиме дека воздухот е загаден. Голема е листата на здравствени проблеми до кои може да доведе вдипувањето на ПМ-10 честичките.

Бројни здравствени проблеми

Може да дојде до апсорција на отровни материи во крвта, на пример цинкот, до алергиски реакции, бактериски и габични инфекции, фиброза, респираторни проблеми.

Хируршката маска не помага

Хируршката маска не помага, за разлика од нано-маската. Но, нано-маските ги нема во продажба.

Извори на загадување

Постојат голем број на извори од овие честички. Од термоелектраните до автомобилите. Тука се разбира се и природните извори, како шумските пожари и поленот. И пудрата за лице може да биде опасна.

 

 

 

Текстот Маските не помагаат во борбата против ПМ-10 честичките е превземен од Reporter.mk.