Рударот Џон Вадел (62) трагал по злато на својот имот во Аризона, САД, кога паднал во напуштена јама полна со отровни змии и ги скршил двете нозе. Тој два дена преживеал без вода и храна. Додека чекал да го спасат, успеал да убие три отровни змии, пишуваат локалните медиуми.
Џон пропаднал во дупка длабока 30 метри кога му се скинало јажето со кое сакал да се симне и да го пребара напуштениот рудник. Во јамата бил 48 часа, а самото спасување траело шест часа. Спасувачките екипи знаеле каде да го бараат оти пред да тргне да бара злато, му кажал на еден пријател каде оди и му рекол ако не се врати за 2 дена, да тргне да го бара. Спасувачките екипи ќе го изваделе побрзо ако немало змии во рудникот, пренесувваат медиумите.
Текстот Маж без храна и вода преживеал во напуштен рудник полн со змии е превземен од Reporter.mk.