Девојче старо три недели е спасено од сигурна смрт откако родителите го погребале живо во плиток гроб. Девојчето било закопано околу 3 часа пред нејзиното плачење да го слушне Дармендра Кумар. Тој го откопал бебето и го однел во болница, пишува „Дејли мејл“.
„Поминував близу рибникот вечерта околу седум кога го слушнав плачот на бебето. Нејзините крикови ме доведоа до местото каде што беше закопано. Брзо ја откопав земјата и ја најдов жива“, рекол Кумар за локалните медиуми.
Откако го однел девојчето во болница, ја известил полицијата, која ги нашла родителите на бебето. Полициската истрага открила дека таткото (30) и мајката (28) го погребале своето тукушто роденото дете со помош на двајца роднини, а по налог на локалниот гатач кој тврдел дека бебето е запоседнато со зли духови. Полицијата ги уапсила таткото, тетката и тетинот на бебето, но и гатачот. Мајката на девојчето успеала да избега.
„Бебето го погребала тетката откако родителите ја замолиле да го направи тоа. На овој чекор се одлучиле по сугестија на шаманот кој тврдел дека девојчето е опседнато и дека нејзиното присуство во куќата може на сите да им го уништи животот“, соопштила полицијата.
Текстот Маж спаси бебе што родителите го закопале живо е превземен од Reporter.mk.