Човек од Индија бил уапсен кога неговата сопруга Рита Саркар открила дека ѝ недостига еден бубрег и го обвинила за кражба и за продажба, објавија светските медиуми.
Полицијата во западен Бенгал ги уапсила мажот и неговиот брат, кои Рита ги обвинила за крадење и продажба на бубрегот. Локалните медиуми објавија дека сопругот организирал да ѝ го оперираат слепото црево кога пред две години жената имала големи болки, а потоа трајно се договорил при операцијата да ѝ извадат еден бубрег и да го продадат.
Рита при медицински преглед дознала дека ѝ недостига еден бубрег. Таа рекла дека сопругот го продал украдениот бубрегот како замена за миразот што не го добил пред свадбата. Таа за индиските медиуми изјавила дека долго време била жртва на семејно насилство поради миразот што нејзиното семејство не можелo да си го дозволи.