Ликот на Владимир Путин се најде на амбалажата за парфеми и за мажи и за жени во една продавница во Москва. Мирисот на Путин во себе содржел ноти на лимон, бергам, црна рибизла, кедар, бор, мошус и мангуст грав.
Првата серија на парфеми на компанијата што го произвела овој парфем била издадена во 2015 година. Сега се продава во московската стоковна куќа GUM, во ограничена количина во 2 000 шишиња.
Црното шише од 100 милилитри чини околу 268 американски долари. Две години подоцна се појавила и женска варијанта од овој парфем, во која се додадени ружа, бергам и ванила.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјавил дека Владимир Путин и неговата администрација не одобриле употреба на името на претседателот на Русија во комерцијални цели.
Текстот Мажите ќе мирисаат на Путин е превземен од Reporter.mk.