„Медена земја“ е прогласен за најдобар документарец на Интернационалниот филмски фестивал во Атина. Златната статуетка беше доделена синоќа.
Жирито за филмот рече дека „со визуелна извонредност и привлечен набудувачки наратив откривајќи ја важноста на семејната и социјалната кохезија, филмот не учи посебно за вредноста на одржувањето на еко-системот во рамнотежа.
Освен „Медена земја“, во конкуренција за најдобар документарен филм на 25 издание на филмскиот фестивал во Атина беа уште седум филмови од Англија, Белгија, Кина.
Медена земја минатата недела освои награди за најдобар дебитантски филм и за најдобар филм за животна средина на Интернационалниот филмски фестивал „Порака до човештвото“ во Санкт Петербург, како и гран-при за најдобар филм на интернационалниот филмски фестивал „Човек и природа“ во Иркутск, Сибир.
Текстот „Медена земја“ прогласен за најдобар документарец на филмскиот фестивал во Атина е превземен од Reporter.mk.