Специјално обучени медицински лица ќе ја подобруваат психолошката состојба на тешко болните хоспитализирани лица, во Клиниката за детски болести во Скопје.
Станува збор за спроведување на проект “Медицински кловнови” каде 26 медицински лица вработени во неколку клиники завршиле обука и добија сертификати за оваа работа.
Министерот за Здравство, Венко Филипче, рече дека ова е еден сегмент во лекувањето, кој кај нас подолго време наназад е запоставуван, а секаде во развиените земји многу значи, бидејќи сериозно придонесува во надминувањето на најтешките болести.
Психолошката поддршка посебно кај децата на еден ваков начин преку забава, многу лесно им го олесува процесот на лечење, примањето на тешки терапии и боцкањето. Ваквата поддршка треба да им помогне да ги надминат тешките болести.
Фондацијата Проект Хоуп, на Израелската амбасада, организацијата „Дрим докторс“ и Израелската агенцијата за интернационална соработка Маshav, се поктовители на овој проект.
Текстот „Медицински кловнови” на Клиниката за детски болести во Скопје е превземен од Reporter.mk.