Малата Илина Соколовска, која е талент по ритмичка гимнастика во Германија, иако има само 12 години, од оваа сезона ќе се натпреварува со професионалци, односно ја почнува својата сериозна професионална кариера.
На 26 овој месец во германскиот град Боркен, ја започнува сезоната со гупата од 15 години, група која во овој спорт се смета за професионална и која се натпреварува на интернационално ниво. Оваа заслуга Илина ја доби бидејки од осум години, откако почна да се натпреварува до денес освојува само медали и пехари.
Во нејзината категорија беше прогласувана и за најдобра во Германија, а минатата година на првиот интернационален натпревар во Украина го освои првото место и беше прогласена за принцеза.
Германците го препознаа квалитетот на Илина па иако е со македонски пасош, тие ја сметаат за свој талент.
„Овој месец Илина ќе стартува со професионална кариера, од Боркен, град на холандска граница. Од тука почнува новата сезона на овој спорт. Илина подготвуваше нови кореографии, какви што се подготвуваат за професионалци. Таа досега се натпреваруваше во својата група, како за млади, но сега веќе е нешто друго. Германците многу вложуваат во таленти. Илина беше во Леверкузен, каде ја тренираше Викторија Мазут од Украина, трета во свет по ритмичка гимнастика. Таа дојде во Геманија да тренира талентирани деца од цела Европа, секако на препорака на Германците и Илина беше мегу нив“ вели за „Репортер“ нејзиниот татко Горан Соколовски.
“Илина веќе е со професионалци, тоа е многу силна конкуренција, но не се плаши. Долго време се подготвува, тренира за да една минута и 30 секунди покаже што научила. Во Германија децата основно завршуваат во петто одделение и потоа ги насочуваат. Илина веке и се одлучи, покрај талентот школувањето ќе го продолжи во спортска гимназија. Секако дека сме во исчекување на првиот натпревар и првата медаља на Илина како професионалец“, додава Соколовски.
Александра Георгиев
Текстот Мекедонка ѕвезда во Германија, на 12 години во професионален тим во гимнастика е превземен од Reporter.mk.