Озлогласениот нарко-шеф Хоакин Гузман, наречен Ел Чапо, се наоѓа на доживотна робија во Америка, но борбата за неговите тунели меѓу Мексико и САД дури сега ги потресе двете држави, пишуваат светските медиуми.
Конфротираните мексикански нарко-картели, кои се сметаат за најопасни криминални организации во светот, сега ги засилија меѓусебните конфликти, затоа што сите се обидуваат да ја превземат контролата врз тунелите, низ кои Гузман го пренесувал кокаинот, хероинот и марихуаната во САД.
Гузман е прогласен за виновен на 12. февруари од судот во Њујорк, а на 17. јули му била изречена пресудата, доживотна робија и дополнителни 30 години затвор. Иако е префрлен во затворот ADX Florens во Колорадо, популарниот „супермакс“, од каде досега никој не побегнал, сепак неговиот картел Синалоа не е поразен.
Тие и понатаму ја контролираат мрежата на тунели изградени во текот на годините, додека ја транспортирале дрогата преку границите. Но, другите картели почувствуваа „крв“, па сега и тие тргнаа во војна со луѓето на Ел Чапо, за да ги превземат подземните пролазни тунели, благодарение на кои Гузман успеал да заработи милијарди долари.
„Во секој момент постојат меѓу 10 и 50 тунели. Можеби не се сите секогаш активно, но можат истите да станат за еден час. Направени се така што се поврзани вистинските локации. Картелот вложил многу време и пари во нивното создавање“, изјавил Данкан Вуд, директорот на Мексикански институт Центарот „Вилсон“, за „Дејли Стар“.
Картелите понекогаш си ги изнајмувале тунелите едни на други, но истите често се борат за превласт. Во моментов најсилниот картел во пограничното подрачје во Лос Зетас го основале поранешни специјалци, кои ја промениле страната и станале ударна тупаница на Заливскиот картел, за да на крајот станат самстојна организација.
Последните месец дена нивните оклопни возила, вооружени со автоматски пушки, ги напаѓаат бензиските пумби, но и воените полициски патроли, а чести се и меѓусебните крвави пресметки меѓу криминалците. По таквите престрелки на патиштата можат да се забележат и по десетина лешеви.
Текстот Мексиканските картели почнаа со пресметките за тунелите на Ел Чапо е превземен од Reporter.mk.