Едвард Сноуден, кој пред шест години објави доверливи американски и британски разузнавачки документи, на 17 септември ќе ги издаде своите мемоари Permanent Record. Сноуден, кој е поранешен вработен во Националната безбедносна агенција на САД (НСА), сакал да ја опише кризата на совест што ја чувствувал, а што довело до тоа да ги открие информациите, вели германскиот издавач на книгата, С. Фишер Верлаг. Книгата во исто време ќе излезе во 20 земји, меѓу кои и САД и Велика Британија.
36-годишниот Сноуден денес живее во Русија, каде што доби азил. Откако протекоа информациите од НСА, тој ги напушти САД и беше задржан на аеродромот во Москва. Сноуден во САД се товари за издавање тајни документи на специјалните служби и му се закануваат до 30 години затвор. Неговата приказна веќе е опишана во неколку филмови и книги.
Текстот Мемоарите на Едвард Сноуден излегуваат во септември е превземен од Reporter.mk.