Германската влада предводена од канцеларката Ангела Меркел даде зелено светло за да се игра фудбал во земјата. Таа одобри да продолжи сезоната на „Бундеслигата“.
Одговорните од Германската фудбалска лига, самите ќе одлучат дали почетокот на продолжувањето на сезоната ќе се случи на 15. мај, или една недела подоцна. Но, во секј случај играчите би требало да поминат една недела во карантин, за да се намали ризикот од заразата од коронавирусот.
Во Германија ситуацијата со пандемијата е ставена под контрола. Трговските центри се очекува да проработат од следната недела, школите на крајот на мај и животот полека да се стави во нормала. До среда, во земјата биле забележани 164.807 случаи на зараза.
„Распоредот кој го предложи Германската фудбалска лига (DFL) го сметам за изведлив и го поддржувам продолжувањето на сезоната во јуни. Јасно е дека не смее да има никакви привилегии. Ако некој во клубот биде зарзен од коронавирус, играчите ќе мора да бидат две недели во карантин, вклучувајќи ги и играчите од клубот со кои го играле натпреварот“, изјавил министерот Хорт Сехофер, за неделното издание на „Билд“.
Од Германската фудбалска лига составија посебни здравствени и хигиенски протокол, кон кој би требало да се придржуваат сите клубови и играчи во продолжението на сезоната. Бундеслигата е во прекин од 13. март, а до крајот има да се одиграат уште девет кола.
Тимот на Баерн Минхен има четири бодови повеќе од Борусија Дортмунд.
„Сега е оставено на секој посебно да се прилагоди на сето ова“, порача капитенот на Баерн Минхен, голманот на германската фудбалска репрезентација Мануел Нојер.
Текстот Меркел одобри да се игра фудбал во Германија е превземен од Reporter.mk.