Место смртоносна инекција, побарал да биде погубен на електрична столица

Американски осуденик на смрт, кој се изјаснил дека сака смртната казна на која е осуден да биде извршена на електрична столица, а не со смртоносна инекција, е погубен синоќа во Тенеси.

Смртта на Едмунд Загорски (63) е прогласена во 7:26 часот по локално време во затворот Нешвил, соопштија локалните власти. Загорски верувал дека смртта на електричната столица ќе биде брза.

Електричната столица која е дозволена во девет американски сојузни држави, не е употребена од 2013 година во САД. Загорски е осуден на смрт во 1984 година, поради убиство на двајца мажи.

Осуденикот по 34 години во затвор требало во октомври да биде погубен со смртоносна инекција, но побарал тоа да биде сторено со електрична столица.

Текстот Место смртоносна инекција, побарал да биде погубен на електрична столица е превземен од Reporter.mk.