Место во Ватикан завршил во западна Германија, пензионер слепо се водел од навигацијата

Британски пензионер по грешка во пишувањето на неговиот навигационен уред, место во Рим во Италија, завршил во западна Германија. Старецот кој тргнал на пат од Њукасл имал желба да го посети Ватикан.

Но наместо Romе, напишал Rom, па навигацијата му го покажала местото кое е илјадници километри оддалечено од посакуваната дестинација.

Кога навигацијата го известила дека стигнал на одреденото место, тој место Колосеумот или Сикстинската капела, вели дека видел само една улица и селски куќи околу неа.

Работите се влошиле за него откако заборавил да ја крене рачната кочница на возилото, па неговиот автомобил почнал да се движи наназад и удрил во знакот на кој пишувало Rom.

 

 

Текстот Место во Ватикан завршил во западна Германија, пензионер слепо се водел од навигацијата е превземен од Reporter.mk.