УЕФА денес официјално соопшти дека Милан следната сезона нема да игра во Лигата на Европа, натпреварување во кое обезбеди пласман оваа сезона преку Серија А.
Ова практично е договор помеѓу УЕФА и Милан поради санкциите за финансискиот фер плеј и проблемите кои ги донесоа Кинезите во клубот.
За потсетување, Милан неодамна за нов тренер го назначи Марко Џампаоло кој дојде после заминувањето на Гатузо откако играчката легенда на „росонерите“ не избори место Лигата на шампионите иако за четвртата позиција беше во игра до последното коло.
Текстот Милан нема да игра во Лига Европа е превземен од Reporter.mk.