Милијардери кои за една секунда заработуваат просечна плата во Македонија

На светските милијардери им е потребна само една секунда за да ја заработат просечната плата која што граѓаните во Македонија ја земаат секој месец.

Според последните податоци од заводот за Статистка, во Македонија просечната плата изнесува околу 24.000 денари, односно околу 400 евра. За една година еден работник во Македонија кој ја зема просечната плата, заработува 4800 евра.

Најновата инфографика која ја има објавено ABC финансии, покажува дека поголем е јазот меѓу најбогатите луѓе и просечните работници во светот.

Според оваа студија, најбогат од сите милијардери е шефот на „Амазон“ Џеф Безос, чие богатство се проценува на дури 98 милијарди евра. Тоа значи дека тој на секоја секунда заработува по 1,132 евра, речиси три пати повеќе отколку што заработува еден работник во Македонија за месец дена.

Веднаш зад Безос се наоѓа основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, чие богатство се проценува на 78 милијарди евра. Интересно е дека тој заработува помалку од петтиот најбогат човек на светот, Марк Цукенберг, но неговото вкупно богатство е поголемо.

Гејтс секоја секунда заработува 115 евра, што значи дека на него му се потребни четири секунди за да заработи малку повеќе од просечната плата во Македонија.

Секоја минута Гејтс станува побогат за 6900 евра. За оваа сума работниците во Македонија треба да работат година и пет месеци. Тоа значи дека за Гејтс да ја зема просечната годишна плата во Македонија му е потребна помалку од една минута.

Марк Цукенберг секоја секунда заработува 432 евра, а за таа цифра во Македонија работниците работат повеќе од еден месец. Тоа значи дека тој секоја минута станува потежок за 25.920 евра, цифра која просечен работник во Србија ја заработува за пет години.

Попластично кажано, додека вие чекате 15 минути за кафе и пијалок во еден кафич, Цукенберг заработува неверојатни 388.000 евра.

Британскиот милијардер Џејмс Дајсон е тежок 4 милијарди евра. Тој секоја секунда заработува 85 евра, а секоја минута по 5113 евра.

Тоа значи дека на него му се потребни буквално помалку од 60 секунди за да ја заработи годишната просечна плата во Македонија.

Познатиот милијардер Ричард Бренсон, исто така тежи околу 4 милијарди евра, но заработува повеќе од Дајсон. Тој секоја секунда заработува 23 евра, а секоја минута е побогат за 1368 евра.

И милијардерката Дениз Котез, која е шеф на кладилничарксата компанија „Bet365“, може да се пофали со своето богатство, кое се проценува на 3,3 милијарди евра.

Таа секоја секунда заработува 27 евра, а секоја минута 1,719 евра. Тоа значи дека и се потребни 15 секунди за да ја заработи месечната плата во Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

Текстот Милијардери кои за една секунда заработуваат просечна плата во Македонија е превземен од Reporter.mk.