Милијарди долари штета од поплавите во Венеција

Здружението на хотелиери во Венеција соопштиле дека поради поплавите кои го зафатија италијанскиот град во ноември, е направена штета во висина од 30 милиони евра, а вкупната штета е проценета на околу милијарда евра.

Ако се додадат низата приходи кои локалните хотели ги прават секоја година, а кои овој пат изостанаа поради поплавите, сумата може да биде и поголема. Тие велат дека биле откажани околу 45% од резервациите.

„Сеуште челаме да ги пресметаме губитоците од приходите и колку пари се изгубени поради откажаните резервации“, изјавил претседателот на здружението Виторио Бонасини, на конференција во Рим.

Венеција во ноември беше погодена од една од најголемите поплави во последните 50 години. Под вода се најдоа куќи, фабрики, компани и историски споменици. Венеција секоја година привлекува повеќе од 25 милиони туристи.

 

Текстот Милијарди долари штета од поплавите во Венеција е превземен од Reporter.mk.