Германскиот милионер Карл Рајпен бара десeтина луѓе кои би сакале да живеат со него на неговиот богат имот на Нов Зеланд. Тој со години живеел сам, а местото го опишал како вистински рај на Земајта.
Карл богатството го стекнал со продажба на конзервирано ледено кафе, а веќе двапати во последните седум дена објавил оглас во локалните весници во кои бара луѓе за друштво. На неговиот имот во Нов Зеланд, вреден 8,5 милиони долари, има штали, винарии и затворена арена, а имотот е сместен на западниот брег од државата.
„Луѓето кои ќе посакаат да живеат тука ќе бидат сместени во куќи за две лица и ќе можат да одржуваат средби во посебна винарија за состаноци и ручек.
„Луѓето кои ќе сакат да ми прават друштво ќе можат да уживаат во прошетките, риболовот, пловење со кајак, да ги набљудуваат птиците, да пливаат или гледаат во убавите животни“, вели Рајпен.
Тој ги поканил сите луѓе до 70 години да се пријават на огласот и додал дека особено се добредојдени оние кои ќе донесат свои коњи.
„Доколку сте заинтересирани да живеете со група на интересни луѓе, тоа за вас може да биде нешто сосема ново“, објаснил Рајпен во рекламата.
Текстот Милионер бара друштво со кое ќе живее на рајски имот е превземен од Reporter.mk.