Mилионерот-педофил, Џефри Естајн, кој беше вклучен во сексуален скандал за подведување малолетнички, оставил тестамент само два дена пред да се обеси во затворот на Менхетн. Судските записи покажуваат дека неговиот имот вреди повеќе од 577 милиони долари, но не се наведуваат детали за наследниците.
Неколку наводни жртви на Епстајн најавиле дека ќе бараат неговиот имот да се подели на сите лица за кои е докажано дека ја трпеле неговата тортура низ годините, пишува „Њујорк тајмс“.
Адвокатот на Епстајн, Вилијам Блум, рекол дека сите барања во врска со распределбата на имот на милионерот ќе бидат „праведно решени“, но ни тој не открил кој ќе ги наследи неговите милиони.
Американскиот милионер беше уапсен пред неколку месеци под обвинение дека вршел трговија со малолетнички и дека ги подведувал девојките на богати мажи. На листата негови наводни клиенти е и британскиот принц Едвард. Меѓу луѓето кои се спомнуваат е и американскиот претседател Доналд Трамп, односно, Епстајн бил еден од донаторите на неговата претседателска кампања, но името на Трамп не се поврзува со секс скандалот.
Текстот Милионерот педофил Епстајн оставил тестамент два дена пред смртта е превземен од Reporter.mk.