Министер поднесе оставка затоа што гласачите ги подмитувал со овошје

Новиот јапонски министер за трговија, бил принуден да поднесе оставка, по серијата обвинувања дека го прекршил изборниот закон. Медиумите наведуваат дека Ишу Сугавара на своите приврзаници во Токио, им подарувал скапи дињи, портокали, a на едно семејството кој неодамна загубиле нивен член наводно им понудил околу 20.000 јапонски јени (околу 185 долари) во знак на сочувство.

Јапонскиот изборен закон им забранува на политичарите да нудат помош на гласачите во изборната единица во која се кандидираат. Прво нешто кое неделникот „Шукан Буншун“ го објавил по изборите е корупцијата која ја направил Сугавара. Неделникот напишал дека преку неговиот секретар, тој им дал пари на семејството на починат Јапонец. Во Јапонија, вообичаено е со пари да се изрази сочувство до семејството.

Неделникот исто така објавил листа на подароци кои службата на министерот им ги испратиле до приврзаниците со писмо со благодарност. Сугавара, во петокот пред новинарите изјавил дека се одлучил да поднесе оставка, но не дал одговор на прашањето дали го прекршил изборниот закон, пренесуваат јапонските медиуми.

„Не сакам моите проблеми да ги забавуваат расправиите во парламентот“, изјавил министерот.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе, изјавил дека и тој се чувствува одговорен што го именувал за министер и им се извини на Јапонците за целиот скандал.

Текстот Министер поднесе оставка затоа што гласачите ги подмитувал со овошје е превземен од Reporter.mk.