Младоженец загина додека ги развезувал гостите по свадбата

Во близина на Требиње загина 32 годишен младоженец веднаш по свадбата. Несреќата се случила 40 минути по полноќ , кога 32 – годишниот Марко Анѓелиќ удрил во карпа на патот кон Дубровник , развезувајќи ги гостите од свадбата. Тој пред неколку дена дошол од Белград во родниот крај , во Требиње, за да направи свадбата.

По веселбата тргнал да ги однесе неколкумина од гостите до дома. Во несреќата тешко биле повредении другите патници во автомобилот Алфа Ромео. Тешко се повредени две момчиња и една девојка , кои се во болница во Требиње и се во стабилна состојба.

Четвртиот сопатник единствено не е повреден. За сега нe се знае како изгубил контрола над возилото и како се удрил во карпата.

Текстот Младоженец загина додека ги развезувал гостите по свадбата е превземен од Reporter.mk.