Индијанското лето оваа година траеше предолго, така што е време да се спремете за неочекуван пресврт на температурите.
Иако сакаме топлото време да потрае, сепак, мораме да се согласиме дека законите на природата постојат. А тука се и топлите џемпери кои го чекаа своето време во орманот толку долго сега се спремни да станат кралеви на вашите стајлинзи. Широки и удобни, елегантни, со декор или сложена плетка – џемперите би требало да бидат присутни во вашата есенска и зимска гардероба нудејќи ја својата разноликост.
Ако погледнете на инстаграм-профилите на познатите блогери, ќе сфатите дека на располагање ви се огромен број компоненти за креирање совршен зимски стајлинг: кадифен крзнен капут, фармерки и класични панталони, кожени мини здолништа, патики и чизми… Исто така, бројот на модни додатоци во текот на зимата се зголемува и набавете нови ракавици од кашмир.
Ви посакуваме модерен декември и се надеваме дека ќе ви помогне нашиот тренди календар!
Текстот Моден календар: 31 аутфит за секој ден од декември е превземен од Reporter.mk.