Модерна во канцеларија

Во деловниот свет, облеката која ја носите има поголемо влијание отколку што мислите. Без разлика на тоа дали сакате да се дотерувате, дали носите елегантна облека или сте опуштен тип, постојат одредени детали на кои што секоја деловна жена треба да обрне внимание.

Костум

Инвестирајте во класичен костум што ќе можете да го носите во сите сезони. Самиот крој може и не мора да биде класичен, како ни бојата, ткаенината или дезенот. Важно е дека ова е класична состојка кај секој деловен изглед со кој апсолутно не можете да погрешите, па вреди да го платите и малку повеќе.

Класични салонки

На секоја жена ѝ е потребен едноставен пар салонки за сите прилики. Избегнувајте ги своите парти чевли и одберете едноставен, удобен и елегантен пар кој, сепак, може и не мора да биде строга класика. И наизглед едноставниот и класичен модел може да изгледа фантастично и да ја заокружи целата модна приказна.

Бела кошула

Заедно со костумот, ова е едно парче кое апсолутно морате да го имате. Сакате ли потполно едноставна бела памучна кошула со чисти и строги линии, или можеби минималистичка свилена, или пак модел збогатен со раскошни волани и детали – потполно е на вас. Ниту еден избор нема да биде погрешен!

Накит и украси за коса

Кога станува збор за деловните изданија, помалку значи повеќе. Бирајте едноставни и минималистички парчиња кои нема да бодат во очи. Но доколку сакате гломазен накит, тогаш комбинирајте го со едноставен аутфит.

Текстот Модерна во канцеларија е превземен од Reporter.mk.