Бразилската модна блогерка и блогерка за убавина, Камила Коељо е популарна на Јутјуб и Инстаграм. На Јутуб стана позната под името MakeUpByCamila, а каналот за мода на португалски јазик го создаде во јуни 2010 години. На Инстаграм има повеќе од 8,5 милиони следбеници и објавува постови за шминкањето, начинот на живот и дневните модни комбинации.
32-годишната Бразилка на 14 години се преселила од Бразил во Америка, па во своите постоови на социјалните мрежи, вели дека го прикажува најдоброто од двете земји.
Нејзиниот стил е женствен, модерен и романтичен. Опседната е со чевли за кои велат дека никогаш не можете да ги имате премногу, затоа што се совршен стајлинг за било кој стајлинг. „Следете ги трендовите, но секогаш вклучувајте ги во својот личен стил“, најдобриот совет што Камила некогаш го добила.
Текстот Модна инспирација: бразилската блогерка Камила Коељо е превземен од Reporter.mk.