Брендот „Marks & Spencer“ ja лансирше линијата за облека специјално дизајнирана за деца со пречки во развојот.
Дизајнирана за да го направи облекувањето помалку стресно за децата и нивните родители, линијата е направена со посебен дизајн, и вклучува облека направена со дополнителен простор, како и дискретни џебови за цевки за хранење.
За да ја покажат ваквата кампања „Marks & Spencer“ вклучија разновидни млади модели со попреченост како Даунов синдром, церебрална парализа и хип дисплазија.
Во моментов, линијата помага од новороденчиња до деца на 16 години. Парчињата облека се со пристапни цени, од 3 до 36 фунти.
„Marks & Spencer“ доби илјадници позитивни коментари од родителите.
Текстот Модна линија за деца со посебни потреби е превземен од Reporter.mk.