17-годишно момче од Скопје било прободено со нож за време на концертот на Раста, Маја Беровиќ и Таско што се одржа на 31 јули на „Билјанини извори“ во Охрид. Според МВР, присутните на концертот околу 1:30 часот по полноќ го забележале повреденото момче, па тоа било префрлено во Општа болница Охрид. Момчето потоа во стабилна состојба било пренесено на скопската клиника за торакална хирургија. Полицијата го бара сторителот.
За потсетување, концертот на Раста, Маја Беровиќ и Таско е само еден од големите музички настани што се случуваат деновиве во Охрид, покрај „Охрид колинг“ (1-4 август) и концертите на Влатко Лозаноски (2 август) и Жељко Јоксимовиќ (3 август). За концертот на Раста постоеше голем интерес, па имаше и организиран превоз со автобуси од Скопје до Охрид.
Претходно, Раста лани имаше концерт во Скопје, во салата „Борис Трајковски“, со својата сопруга, пејачката Ана Николиќ.
Текстот Момче прободено со нож на концертот на Раста во Охрид е превземен од Reporter.mk.