Момче скрши рака скокајќи да помогне во несреќата, но продолжи да извлекува повредени

Нехат Амети и Рами Пајазити биле меѓу  првите кои вчера помогнаа во несреќата кога автобус се преверте на патот Скопје-Тетово и загинаа 14 луѓе.  Сопруга на еден од повредените патници, денеска раскажа што е случувало додека ги спасувале патнниците од превртениот автобус.

„Еве сум тука во чекалната пред одделот во болницата „8 Септември“ каде што се сместени повредените од страотната сообракјајна несреќа. Мојот сопруг е повреден и тука сум за да се најдам доколку сум потребна. За среќа помина со не премногу тешки повреди. Велат дека засега неговата состојба е стабилна. Но, тоа не е причината што го пишувам ова. Тука во чекалната од утринава рано чекаа и уште тројца – мајка, татко и сестра. Ги прашав за кого чекаат, како е повредениот. Таткото ми реше „Синот се оперира беше повреден зошто скокна од патот за да им помогне на повредените. Не можеше да претпостави во мракот дека е високо 4-5 метра. Ја скрши раката, но сепак помагаше и ги вадеше настраданите заедно со мене.

Им покажав слика од маж ми и рече „Да, него го извадивме меѓу првите. Сте имале голема среќа“.

Благодарна сум му на Господ што го сочува маж ми, но и на овие за мене големи луѓе и херои Нехат Амети и Рами Пајазити. Се молам на Господ со лесно да помине операцијата.

Благодарна сум им и на сите што помогнале не штедејќи се себеси.

Ви благодарам и на Вас мои драги сограѓани, роднини, колеги, другари, пријатели, што се јавувате, цело време ме поддржувате, храбрите, нудите помош и во ниту еден момент не ме оставивте сама во овие тешки моменти.

Искрено сочувство до семејствата на сите настрадани и повредени.

 

 

Текстот Момче скрши рака скокајќи да помогне во несреќата, но продолжи да извлекува повредени е превземен од Reporter.mk.