Момчето кое живееше со кучиња низ улиците во Москва, денес е успешен маж

Приказната за момчето кое живеело само со кучиња низ улиците на Москва, а која била препеана од страна на бендот 9Bach, доби среќен крај. Станува збор за момчето Иван Мишков кој на четиригодишна возраст побегнал од своето сиромашно семејство во Москва.

Тој жвеел со неговата болна мајка и татко алкохоличар кој постојано го тепал. Никогаш повеќе не се вратил назад. Живеел на улица уплашен и сам, а потоа насекаде околу себе почнал да гледа очи кои го набљудувале од далечина. Тоа биле очи на чопор од кучиња скитници.

Иван сватил дека кучињата почнале да му веруваат, затоа што тој ги хранел со остатоците од храна кои ги наоѓал низ контејнерите. Животните почнале да се однесуваат заштитнички кон него, па дури од време на време го грееле во текот на студените ноќи. Иван станал дел од чопорот кучиња. Тој ја превземал улогата на водач.

Поради големите студови во текот на ноќите, кои паѓале и до 10 степени под нулата, кучињата го грееле Иван со своите тела за да може тој да преживее. Секој кој ќе се обидел да го нападне момчето или да му ја украде храната што ќе ја соберел, тие го возвраќале.

По две години минати на улица, Иван станал проблем за градските власти, кои се обиделе да го фатат. Сепак секој обид завршувал неупешно, благодарение на кучињата. Во четвртиот обид полицијата успеала да ги намами кучињата со месо од еден ресторан и на тој начин да го улови момчето. Иван на шест години давал отпор, како куче.

Ги мавал, р’жел, ги гризал полицајците, но попусто. Полицијата потоа го дала момчето на лекарски преглед. Но, освен болви и вошки, Иван бил во изненадувачка добра здравствена состојба. Двете години минати со кучињата, не влијаеле премногу на говорот на момчето, па Иван релативно брзо и лесно се интегрирал во општеството.

Неговата биолошка мајка починала на три месеци пред да биде пронајдено, па некое време минал во домот за деца без родители Реутов во Москва. Иван бил посвоен од добро семејство кое му пружило многу љубов. Денес тој е успешен млад човек. Гостува во телевизиски емисии каде говори за своето детство.

Иван вели дека кучињата секогаш ќе ги сака повеќе од човекот.

Текстот Момчето кое живееше со кучиња низ улиците во Москва, денес е успешен маж е превземен од Reporter.mk.