Тренерот и дванаесетте момчиња од Тајланд, кои пред три месеци беа заробени во пештера, минатата недела учествуваа на младинската Олимпијада во Аргентина и одиграа пријателски меч против аргентинскиот младински клуб „Ривер плата“.
Според светските медиуми, ова за момчињата претставува остварување на сонот, оти тие сакаат да станат професионални фудбалери. Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, момчињата ги опиша како многу храбри и рече дека тие на целиот свет му ја покажаа „важноста на спортската активност“.
Младинските олимписки игри почнаа на 6 октомври и ќе траат до 18 октомври, а во нив учествуваат речиси 4.000 атлетичари на возраст помеѓу 15 и 18 години.
Младите фудбалери и тренерот станаа познати во јавноста откако на 23 јуни останаа заглавени во пештера во Тајланд. Тие беа пронајдени благодарение на британски нуркачи. Сите момчиња и нивниот тренер беа извлечени во спасувачка мисија која заврши на 10 јули.
Текстот Момчињата од Тајланд играа фудбал на Олимпијада во Аргентина е превземен од Reporter.mk.