Дарла Шајн сопругата на шефот за комуникации на Белата куќа, вели дека морбилите можат да го излечат ракот.
Таа го изнела својот став во серијата твитови во кои го критикувала извештајот на „Си-Ен-Ен“, за епидемијата на морбилите во Америка, барајќи да се вратат „детските болести“, кои се искоренети со вакцините.
Истовремено Светската здравствена организација (SZO) предупредила дека одбивањето на вакцините е една од најголемите закани по глобалното здравје во 2019 година.
Here we go LOL #measlesoutbreak on #CNN #Fake #Hysteria
The entire Baby Boom population alive today had the #Measles as kids
Bring back our #ChildhoodDiseases they keep you healthy & fight cancer— Darla Shine (@DarlaShine) February 13, 2019
„Еве идеме, морбили на „Си-Ен-Ен“, фејк, хистерија“. „Целокупната денешна генерација ги прележала морбилите во детската доба“. „Вратете ни ги детските болести кои не одржуваа здрави и се бореа против ракот“, гласат некои од твитовите на Шајн.
Шајн која некогаш работела и како ТВ продувент, вели дека таа и секое дете кое што го познавала ги прележала малите сипаници, заушките и овчите сипаници.
Текстот Морбилите можат да излекуваат рак, тврди сопруга на претставник од Белата куќа е превземен од Reporter.mk.