Му здосадило на плажите на Тенерифе, по 10 години бегство затвореник се предал на полицијата

Затвореник од Австрија по 10 години бегство, решил да и се предаде повторно на полицијата во Салцбург. 64 годишниот Австриец кој изразил желба да се врати во затвор, пред 10 години избегал на Тенерифе. Сега со два куфери допатувал преку Минхен во родната земја, каде тропнал на вратите на полициска станица.

Бегалецот на полицајците им кажал дека Тенерифе не е тоа што некогаш било, дека не било толку убаво и дека предолго живеел таму. Откако бил проверен неговиот идентитет, се испоставило дека Австриецот побегнал од затворот Шварц ам Штајнфелд. Во договорот со судот и обвинителството, тој е префрлен во затворот во Салцбург.

Австриецот побегнал од затворот во декември 2008 година, само на половина година пред истекот на неговата казна. Поради тоа што бегството од затвор во Австрија не е казниво дело, Австриецот ќе мора да одлежи само половина година, период колку што му останал од некогаш изречената казна.

 

Текстот Му здосадило на плажите на Тенерифе, по 10 години бегство затвореник се предал на полицијата е превземен од Reporter.mk.