Поранешниот астронаут Френк Борман (90) човекот кој во 1968 година орбитирал околу Месечината, објаснува дека сликата од земјиниот сателит му била интересна само 30 секунди.
После половина минта, Френк посакал да се врати дома кај своето семејство. Тој за медиумите раскажал дека неговите колеги астронаути, биле опседнати со вселената, но не и тој. Борман бил прилично уморен.
Месечината за него била само уште една од битките за време на Студената војна, и немал нималку желба да зачекори по неа.
За него тоа бил обичен куп на кратери без никаква боја. Биле само со различни нијанси на сива боја.
„Сакав да учествувам во таа авантура, само за да ги победиме Русите. Тоа беше единствена работа која ме мотивираше. Желбата да ги победам проклетите Руси“, изјавил Френк.
На прашањето дали му било интересно да лета во безтежинска состојба, само кратко прокоментирал дека воопшто не било забавно.
Текстот Му здосадило по само 30 секунди пат околу Месечината е превземен од Reporter.mk.