Полна месечина ќе се случи на 19 февруари годинава. Тоа ќе биде најголемата и најсветла месечина што ќе имаме можност да ја видиме во 2019 година. Земјиниот сателит во тие моменти ќе се наоѓа на точка, најблиску до Земјата. Месечината од Земјата ќе биде одалечена 356.800 километри.
Полната месечина во февруари месец традиционално е позната како снежна или гладна месечина. Астрономите велат дека во тој период можат да се забележат најголемите снежни врнежи.
Месечината на 19 февруари најблиску до Земјата над Велика Британија во 9:06 часот утрото. Полна месечина ќе настане во 3:53 часот попладне, а Месечината ќе биде видлива откако ќе се подигне во 17:11 часот, пишува „Индепендент“.
Ова ќе биде втор супермесец во оваа година. Првиот се случи на 21 јануари, а станува збор за крвавата волчја месечина. Супермесечината во моментите додека се наоѓа најблсику до Земјата, ќе биде 14% поголема и 30 % посветла од моментот кога ќе се наоѓа на најодалечената точка од земјата на околу 405.500 километри растојание.
Следната ваква појава, која се нарекува топла месечина, ќе се случи на 21 март, неколку часа од официјалниот почеток на пролетта. Нецелосното потемнување на Месечината ќе биде видливо во ноќта на 16 јули, но следното целосно помрачување на Месечината нема да се случи до 2021 година.
Затемнувањето што се случи во јануари беше делумно видливо, поради облаците. Но, некои набљудувачи од Велика Британија тврдат дека и покрај нејасната слика, успеале да забележат судар на неопределен предмет со Месечината. Сударот се случил во периодот на затемнување.
Научниците веруваат дека станува збор за предмет со големина на пливачка топка. Предметот сметаат дека бил тежок од 20 до 100 килограми. Неодреденото тело удрило во Месечината со брзина од 47.000 километри на час.
Текстот На 19 февруари нè чека најголемата и најсветла полна месечина е превземен од Reporter.mk.