Индиецот Свами Сивананда е најстариот човек во светот. Тој е роден на 8 август 1896 година и има 123 години. Неговите години ги откриле вработените на аеродромот Калкута во Индија, кога му го прегледале пасошот.
Свами сакал да замине за Велика Британија, но за време на проверката на неговиот пасош кај вработените во пасошката контрола се појавил сомнеж дека пасошот би можел да е фалсификуван. По дополнителната проверка била утврдена точноста на податоците.
Индиецот им објаснил на службите во аеродромот дека неговите биолошки родители го напуштиле уште кога бил мал, а податоците за датумот на неговото раѓање биле напишани подоцна. Свами објаснил дека бил израснат во семејство на индиски духовен водач и одлично се држи благодарение на јогата и храната без зачини.
Претставниците од Гинесовата книга на светски рекорди велат дека ќе го разгледаат случајот, но објаснуваат дека докажувањето на староста на еден човек не е лесно да се утврди. Ако податоците се докажат за точни, Свами ќе го надмине рекордот на Французинката Жан Калман, која почина во 1997 година, на возраст од 122 години и 164 дена.
Текстот На аеродром откриле дека има 123 години и дека е најстар човек на светот е превземен од Reporter.mk.