На манекенка ѝ се закануваат дека ќе ја убијат заради густите веѓи

Моделот Софија Хаџипантелис (22) секојдневно добива смртни закани на „Инстаграм“ поради своите густи и споени веѓи.

„Ги средувам веѓите, природно ми се темни, но не толку, малку ги потемнувам“, вели Софија од Кипар која живее во Лондон и се надева дека ќе изгради светска кариера.

Неа на „Инстаграм“ ја следат повеќе од 300.000 луѓе на кои им се допаѓа нејзиниот изглед. Нејзината мајка е вработена во модната индустрија и таа од мала ја учела дека негувањето на веѓите е многу важно, но Софија во одреден момент решича да престане да ги кубе. Таа дури и им дала имиња на веѓите, па едната од нив се вика Вероника.

„Никогаш не ја градев својата самодоверба врз основа на тоа како другите ме гледаат. Во училиште ме малтретираа поради облеката и родителите, кои беа имигранти и не зборувавме англиски“, додала Софија.

Текстот На манекенка ѝ се закануваат дека ќе ја убијат заради густите веѓи е превземен од Reporter.mk.