На Илон Маск ќе му бидат потребни 20 години и 1000 вселенски бродови за да го направи планираниот град на Марс, објавија од компанијата за вселенска технологија Spejs eks.
Од компанијата одговараа на прашањата на обожавателите на „Твитер“, наведувајќи дека според нивните проценки, прво компанијата ќе мора да изгради 1000 вселенски бродови, кој ќе бидат наменети за пренесување на багажот, инфраструктурата и екипажот на Марс. За тоа ќе бидат потребни минимум 20 години, со оглед на тоа што само летот до Црената планета ќе трае една до две години.
Маск на неодамнешната прослава на Денот на американското воено воздухопловство во Калифорнија изјавил дка неговите трошоци за лансирање на еден вселенски брод, чинат околу два милиони долари, а конечната цел му е да постави самоодржлив град на Марс.
Маск се осврна на краткорочниот потенцијал за вселенски бродови, кој ќе бидат дизајнирани за повторно користење, а во идеални случаи ќе можат да летаат и до три пати дневно. Маск објасни дека еден вселенски брод ќе прави по 1000 летови годишно и на тој начин ќе може да се лансираат повеќе од 10 милиони тони опрема и залихи во орбитата во текот на годината.
Денешниот капацитет на вселенски бродови и стотина ракети „фалкон“ подразбираат околу 500 тони годинишно, што значи дека има уште многу работа. За да се изгради одржлив град на Марс, прво треба да се испрати екипаж, вели Маск. НАСА ја постави оваа цел до 2024 година, а Spejs eks се надева дека својот брод ќе успее да го спушти на Црвената планета до 2022 година.
Текстот На Маск му се потребни 20 години и 1000 вселенски бродови да го изгради градот на Марс е превземен од Reporter.mk.