„На отворено“ е најновата премиера во НУ Театар Комедија, во режија на Андреј Цветановски. Претставата ќе се игра ќе се игра на малата сцена во овој театар. Оваа претстава е работена според драмскиот текст на Мрожек, „На отворено море“.
„’На отворено’ е едночинка која зборува за гладта, во секоја смисла на зборот. За борбата за моќ и за начините да дојдеш до неа, како и за тоа каков ќе излезеш како човек од таа борба. Еден шекспиријански заплет, погледнат низ комична призма. Горка комедија, за време на која смеата ти застанува во грло“, вели режисерот Цветановски.
„Годинава ова ни е прва премиера од планираните пет премиери. Ме радува фактот што ова е втора претстава што ќе се игра на малата сцена на Театар Комедија и што публиката покажува особен интерес за овој тип на претстави. Сè е подготвено за премиера и особено сум благодарен за максималната посветеност во работата на сите чинители на ова дело. Паралелно подготвуваме уште една нова претстава на големата сцена, која ќе има премиера во мај“, – рече директорот Сашо Ристовски.
Во претставата „На отворено“ играат Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Сергеј Димовски и Тони Денковски. Сценограф е Сергеј Светозарев, костимограф е Ивана Каранфиловска-Угуровска, драматург Дарко Јан Спасов, а музиката ја направи Димитар Андоновски.
Претпремиерата е на 24 април, а премиерата на 25 април со почеток во 20 часот. Првата реприза е закажана на 6 мај.
Текстот „На отворено“, нова претстава во Театар Комедија е превземен од Reporter.mk.