На вино со „Црвена јабука“ во Стоби

Популарниот ексјубенд „Црвена Јабука“ утре (23 јуни) ќе одржи концерт во комплексот на винаријата Стоби. Забавата почнува во 17 часот.

Поводот за гостувањето на популарниот бенд е првата активност во рамки на Stobilosophy, убавината на животот со добро вино и музика.

Органзаторите најавија вистинска забава со познатите рефрени на ексјугословенскиот бенд, сето тоа залеано со добро вино и вкусни деликатеси.

Не е првпат во винаријата Стоби да се организира забава од ваков тип. Речиси секогаш на нивните журки гостуваат познати музички ѕвезди.

Картите за забавата во „Купи карти за се“, можат да се купат по цена од 1200 денари.

 

 

 

Текстот На вино со „Црвена јабука“ во Стоби е превземен од Reporter.mk.