Директорот на една градежна фирма во Балтимор, Едвард Сент Џон, им поделил на сите свои 198 вработени лица во компанијата вкупен износ од 10 милиони долари, како божиќен бонус. Тој организирал специјална забава на која ги известил сите дека новата година ќе ја дочекаат побогати за неколку илјадници долари.
Работниците кои работеле подолг период, добиле поголеми бонуси, но просечниот износ кој го добиле сите изнесувал 50.000 долари. Покрај божиќниот, работниците добиле и годишен бонус, кој го добиваат секоја година.
Некои од вработените плачеле кога ги добиле црвените коверти. Едвард им кажал на сите дека парите ги добиле за нивниот допринос и успех кој компанијата го направила во текот на изминатата година. Тие успеале да градат објекти на површината поголема од 20 милиони квадратни метри ширум САД.
„Благодарен сум на секој од моите работници, на нивниот труд и посветеност. Не можев да замислам подобар начин како тоа да го покажам. Сакав да ги наградам сите како резултат на успехот кој го постигнаа“, изјавил Едвард.
Текстот Најдобриот шеф на светот, за Божиќ на вработените им дал 10 милиони долари е превземен од Reporter.mk.