Секој хороскопски знак има некоја слабост. Астролозите ги открија најголемите мани на секој од нив.
Овен
Овните се силен, огнен и тврдоглав знак. Кај нив ретко може да се најде слаба точка, бидејќи многу вешто ги кријат своите недостатоци со помош на силниот карактер. Но, колку круто да изгледаат, тие всушност се многу емотивни, а најмногу се плашат од осаменост, најчесто, поради потребата некој да ги почитува и да им го крева егото. Слабата точка, исто така им е семејството. Поради тоа им е потребен партнер што постојано ќе биде со нив и ќе им дава поддршка и утеха во тешките времиња.
Бик
Тврдоглави материјалисти со цврсти цели. Најслабати карактеристики им се нетрпеливост и тврдоглавост. Ретко сакаат да ризикуваат во животот, бидејќи се плашат од недостиг на финансии, кои би им овозможиле лежерен и мирен живот. На своите блиски сакаат да им обезбедат стабилен живот, поради што понекогаш делуваат како најголеми материјалисти кои живеат исклучително за работа и одмор.
Близнаци
Тие се познати по честите промени на расположение, нервози, фатални судбински предвидувања на иднината и недостиг на трпение. Најслабата точка им е соочување со личност посилна од нив. Тогаш ги обзема паника и страв, бидејќи мораат да се соочат сами со себе. Сите проблеми во комуникацијата ги сфаќаат лично, што лошо делува врз нивната психа.
Рак
Најслаба карактеристика им е вродената несигурност и стравот. Секогаш бараат стабилни личности, партнери и безбедна околина. Најмногу се плашат од губење на саканите личности или статусот во општеството. Не се доволно сигурни во себе, често се интровертни, тивки и скромни, многу ретко се наметнуваат во друштво или меѓу луѓе.
Лав
Тие сметаат дека секогаш се најубави, најталентирани и најинтересни. Нивните слаби точки се гордост и суета, кои понекогаш немаат граници. Поради тоа, многу лесно може да се манипулира со нив, особено преку комплименти. Се плашат од јавен потсмев и губење на моќта и влијанието во општеството.
Девица
Опседнати се со контрола и ред, најслабата точка им е губење на истите. Доколку почувствуваат дека губат контрола врз својот живот, стануваат депресивни и нервозни. Голема потреба за самоконтрола доведува до нервни проблеми. Би требало да научат почесто да се опуштаат, бидејќи некои работи во животот едноставно не можат да се контролираат.
Вага
Вагите не сакаат конфликти, особено јавни, без разлика дали се работи за непознати луѓе или блиски пријатели. Поради тоа често се воздржуваат. Избегнуваат стресни ситуации и самите себе се убедуваат дека немаат проблеми. Често не можат да се решат што сакаат, па на крај остануваат без ништо. Исто така, слаба точка им е храната во која знаат и да претераат.
Скорпија
Слабата точка им е љубовниот живот, иако се едни од најголемите заводници во зодијакот. Се обидуваат никогаш да не ја изгубат контролата. Најранливи се кога се заљубени. Не се оптоваруваат со физичкиот изглед, бидејќи ништо не е постојано.
Стрелец
Прилагодливи и снаодливи. Најслабата точка им е паранојата, бидејќи секогаш мислат дека некој им работи позади грб. Опседнати се со правдата, затоа не поднесуваат агресија и насилство. Премногу се чувствителни на страдања и туѓи проблеми. Секогаш сакаат да дознаат најмногу што можат.
Јарец
Најмногу се плаши од промени, иако секогаш се стреми напред и бара начин како да се искачи на врвот. Сепак, и покрај амбицијата, слаби се на емотивен план. Често им веруваат на луѓето, што знае да заврши негативно за нив. Суеверни се, особено кога се работи за партнерот или членовите на семејството.
Водолија
Претенциозен знак кој најмногу се плаши од губење, без разлика дали се работи за професионалниот живот, односно кариерата, или за блиските луѓе, семејството и пријателите. Се плашат од понижување, болести и сиромаштија.
Риба
Вешто ги кријат своите несигурности, а слабите точки малкумина можат да ги забележат. Амбициозни се и способни, поради што најмногу се плашат од посилните луѓе. Особено се чувствителни на беспомошните луѓе, децата, постарите лица. И покрај развиената емпатија, понекогаш е добро да се дистанцира од секојдневните проблеми, за да се избегне непотребна депресија.
Текстот Најголемите слабости на хороскопските знаци е превземен од Reporter.mk.