Колку и да ви се чини дека вашата машина за перење е чиста, сепак бидете сигурни дека не е така. Иако звучи застрашувачки, сепак таа е вистинско легло за бактерии. Едноставно можете да ја дезинфицирате и да ја исчистите со неколку потези. За добро да ја исчистите машината за перење, не мора да потрошите многу пари на скапи препарати. Можете и сами да направите одличен детергент, а состојките веројатно веќе ги имате во кујната.
Оцет и сода бикарбона
Алкохолниот оцет ќе се дезинфицира, ќе помогне при отстранувањето на мувлата, а киселината од оцетот ќе ги тргне закоравените траги од прашокот за машината или омекнувачот. Ако од вашата машина доаѓа непријатен мирис, тогаш сода бикарбоната ќе го реши проблемот. Додадете една шолја оцет, една шолја сода бикарбона и врела вода, па завртете еден циклус.
Сок од лимон
Ако имате проблеми со рѓата, вклучете ја машината на највисока температура, на програм за вриење. Додадете две чаши цеден сок од лимон. Кога машината ќе заврши, повторете го истото, но немојте да ставате сок од лимон. На овој начин исчистете ја машината од сите нечистотии, вклучувајќи ја и рѓата.
Текстот Најлесен начин да ја исчистите машината за перење е превземен од Reporter.mk.