Најлоши пријатели меѓу хороскопските знаци

Астролозите велат дека три знаци во хороскопот се издвојуваат по својата нечувствителност кон околината. На нивната добрина не можете да сметате, ниту да тврдите дека ќе бидат тука секогаш за вас. Најлоши пријатели во хороскопот, тврдат астролозите, се луѓето родени во знакот на јарец, девица и скорпија.

Јарец

Јарците не знаат да ги покажат своите емоции, без оглед на тоа што сте им љубовник, брат, сестра, сопруг, сопруга, пријател. Во состојба се никогаш да не ви кажат што навистина мислат за вас. Мрачни се, бавни и најчесто кукавици кои бегаат од опасности. Во состојба се да ве остават на цедило колку и да ве сакаат. За нив се вели дека се многу искомплексирани. Ретко кога се случува во овој знак да се родат луѓе способни за вистинска љубов.

Девица

Луѓе родени во овој знак се емногу тешки. Никогаш ништо не им е доволно. Скоро и да немаат емоции, не знаат за љубов и сѐ се сведува на секс. Дволични се и само чекаат момент кога ќе ви забијат нож во грбот. За нив, таа одлука ќе биде целосно планирана и нормална. Поради нивната совршено планирана дволичност, во ниту еден момент нема да се посомневате дека ви подготвуваат нешто зад грб. Девиците се големи нарциси и немаат чувства за никого освен за себе.

Скорпија 

Ако на некоја скорпија ѝ се заканува опасност, таа нема да се повлече или да избега, туку ќе повлече уште многу луѓе со себе. За нив се вели дека се љубоморни и ужасно посесивни, што понекогаш може да прерасне и во болест. Кога ќе им направите нешто што не им се допаѓа, можат да се претворат во мало исплашено дете што вика, плаче и ве мрази од дното на душата. Под површината која делува интелигентно, лукаво и опасно, се крие емоционално незрела личност. Големи се злопамтила и ќе ви вратат кога-тогаш за нешто што ниту вам не ви текнува.

Текстот Најлоши пријатели меѓу хороскопските знаци е превземен од Reporter.mk.