Кардиганот е парче облека кое би требало да биде во сечија гардероба.
Тоа е лежерен џемпер со копчиња, кој може да се носи така што ќе го врзете околу половината или без закопчување. Одлично делува на лето кога вечерите се поладни, а на есен како наметка во ладните утра. Моментално се во мода преголемите парчиња кардигани во кои се чувствуваме удобно и убаво. Обично се вклопуваат со фустани и здолништа, но исто така се совршени во комбинацијата со фармерки или деловни панталони.
Кардиганите можат да бидат кратки или долги и убаво изгледаат под капутот. Доколку должината на кардиганот е до подот, тогаш самите по себе се замена за мантил или капут. Тие со колан ќе ја нагласат половината, додека лежерните модели ќе ги покријат несовршеностите. Вредно е да си има неколку кардигани во гардеробата, од тенките летни, до моделите од дебела плетка или спортските модели со качулка и џебови.
Текстот Најмодерни џампери за есен 2019 година е превземен од Reporter.mk.