Секое лето добиваме прилика од надополнување на својот стил со актуелните трендови.
Апсолутниот хит ова лето, кој сега на големо освојува на сите страни на светот, секако се маичките со нагласени рамења. Својствени некогаш само за капутите, мантилите и блејзерите, нагласените рамења најдоа нов начин како да ни се приближат.
Маичките кои изгледаат како да на рамењата да имаат перничиња, се идеални за летните прошетки и вечерните излегувања. Можноста за носење на ваквите маички се речиси неограничени. Идеални за комбинација со фармерки, долги и кратки здолништа, плисирани здолништа, шорцеви, па дури и на ѕвончести пантолони, тие претставуваат лесен начин да го истакнете својот истанчен вкус.
Последните години со насмевка на лицето се свртевме кон модните трендови од 80-тите и 90-тите години од минатиот век, кои останаа запомнети по моделите овој тип. Ладниот акцент кој го остава маичката со нагласени рамења, испраќа јасна порака – дамата која носи вакво парче ткаенина е свесна за својата женственост.
Токму тој „машки“ впечаток кој една ваква маичка го нагласува, всушност е сето она што ѝ треба на една самоуверена девојка за да исчекори од својот класичен стил на облекување. Понекогаш токму тоа нагласување на не толку атрактивните делови од телото како што се рамењата, клучно е сензуалноста кај една жена да дојде до израз – ваквите маички е потребно да знаете како да ги носите.
Тие се најдобри кога се во комбинација со широки каиши или впечатлив накит. А бидејќи се доста лежерни, можете да се поигрувате и да ги носите во сите прилики. Доколку ви е потребна малку инспирација, за да со леснотија ја споите вашата нова маичка со нагласени рамења, нашата галерија со фотографии ви е на располагање.
Текстот Најновиот тренд за ова лето – маички со нагласени рамења е превземен од Reporter.mk.