Најпопуларните мејкап трендови за оваа зима

Овогодишните празнични мејкап-трендови се поелегантни од лани. Ова се најпопуларните трендови за убавина со кои ќе изгледате гламурозно во секоја празнична прилика…

 

  1. Носете хајлајтер на очните капаци

Хајлајтерот ќе му даде дополнителна доза на сјај на сечие око. Покрај тоа што совршено оди со која била нијанса на сенка, вашето око ќе изгледа свежо и одморено.

  1. Темно розов кармин за усни

Оваа боја одговара на сечиј тен и дефинитивно е во духот на празниците. Студениот тон на оваа нијанса на кармин ќе направат вашите заби да изгледаат побели, а усните сензационални.

  1. Металик лак за нокти

Впечатлив детаљ на вашите нокти оваа сезона ќе биде металик лакот за нокти, со кој нема да ви требаат дополнителни шари и светки, а сепак ќе имате нокти кои се во духот на празниците.

Текстот Најпопуларните мејкап трендови за оваа зима е превземен од Reporter.mk.