Секој знак од зодијакот има некои предности и особини кои го прават специфичен. Ова се добрите страни на секој хороскопски знак.
Овен
Ќе се впушти во непознатото со следната изрека „Кој не ризикува, тој не профитира“. Нагонот кон победата му е во крвта. Сака да се натпреварува, а добрата конкуренција секогаш топло ја поздравува. Самодовербата му овозможува јасно да ги изговара своите ставови и да се бори за своите права. Тој не чека, нема трпение за тоа. Прави сѐ што е потребно за да стигне со успехот.
Бик
На него можете да сметате. Кога нешто же вети, тоа ќе го исполни. Нема да ве држи во неизвесност. Биковите знаат да ја препознаат вредноста на нештата и на личностите. Го чуваат и го ценат тоа што им е важно. Потребни им се допири и прегратки. Стои позади своите одлуки и ставови. Ужива во добра храна, вино, комфор и секс.
Близнаци
Не постои нешто што тој не знае да го раскаже на интересен и духовит начин. Одлично се носи со промените. Ќе прифати различни ставови и мислења. Знаат од сѐ по нешто, со задоволство ќе сослуша и добар трач, но усвојува и корисни информации. Тој не може сам. Секогаш е опкружен со пријатели. Сака добар провод, патувања и интелигентни личности. Она што го мисли, го кажува. Лесно им дозволува на непознати личности да влезат во неговиот живот. Не му е проблем да зборува за себе и за своите слабости.
Рак
Кога ќе ве пушти блиску до своето срце, нежноста ќе ви ја покаже со топлиот поглед, прегратките и искрените зборови. Ќе ве утеши кога ви е тешко. Ќе ве прегрне кога сте осамени. Неговата топлина е безгранична и длабока. Затоа и има оклоп со кој ја штити својата ранливост од предизвиците и надворешната опасност.
Ракот ќе го почувствува и она што нема да го изговорите. Ги претчувствува промените кои доаѓаат. Препознава лаги. Кога Ракот ви е достапен и секогаш на располагање, бидете сигурни дека ве сака. Попрво ќе ги скрати своите потреби, отколку вас да ви наштети.
Лав
Кога сака да постигне нешто, тој не губи време, туку храбро тргнува во акција и не се откажува додека не го добие тоа што го замислил. Наклоноста ќе ви ја покаже преку подароци. Со задоволство ќе ги почести пријателите и ќе го подели она што го има со другите. Полн е со воодушевувања и занес. Лесно ќе ве маѓепса со својот шарм. Ужива во вечерно излегување и дружење до пријателите. Духовит е и ако одлучи ќе ве насмее до солзи. Има нешто во тоа како се движи, како зрачи.
Девица
Делува плански, не поднесува хаос. Нејзината организираност е честопати клучот на деловните успеси. Во нејзиниот стан секој детал е на своето место. Сака точност, важни и се деталите, уредна е и сѐ завршува во предвидениот рок. Има посебен талент секоја ситуација да ја испланира до најситни детали. Многу е вредна и одговорна на работа. Не поднесува површност. Понекогаш и треба малку повеќе време, но затоа резултатите од нејзината работа ќе добијат најдобра оценка.
Вага
Нема поголем шармер во зодијакот од Вагата. Нејзината насмевка, гестикулации, допири се неодоливи. Ги цени складните односи со другите. За дадената услуга ќе ви заблагодари со внимание и сама ќе ви возврати со помош. Голем борец за правда. Во овој знак има многу адвокати и правници. Никој нема толку истенчен вкус за убавина како неа. Секогаш е дотерана, намирисана, а станот беспрекорно среден. Избегнува кавги, бара компромиси и мирни решенија.
Скорпија
Не само што е страствена во креветот, Скорпијата е страствена во сѐ што е во нејзината зона на интереси. Страста е нејзин двигател. Никого не остава рамнодушен. Нејзината енергија мотивира и тешко е да и се каже не. Способна е да ги издржи и најголемите напори. Колку е поголем ризикот, толку и е поинтересно. Кај на нема златна средина. Или да или не.
Стрелец
Она што му е на ум ќе ви го каже. не поднесува лаги, игри и тајни. Сака да патува, оди на места на кои никогаш претходно не бил, се впушта во ситуации кои се полни со возбуда и ризици. Ја цени својата слобода, но ја пружа и на другите. Не сака да зависи од друг. Многу вложува во своето образование и знаење. Чита, се школува, сурфа на интернет… Лесно е да го сакате бидејќи има позитивен став кон животот.
Јарец
Она што ќе го преземе како своја одговорност, тоа и ќе го заврши. Преку своите дела влева сигурност и доверба. Работата и кариерата се негови подрачја за докажување и тука најчесто се стреми кон највисоките позиции. Се искачува полека, но сигурно. Сѐ сфаќа сериозно и нема време за површни разговори и неважни работи. Ги знае своите приоритети и посветен им е во потполност. Роден е за водечки улоги. Тој е глава на семејството, но и директор, менаџер, водител.
Знае да ја организира и да ја води работата. Кога нешто го интересира, потполно се посветува. негова цел е планот да го спроведе на дело.
Водолија
Со задоволство ги крши правилата и животна цел и е да биде слободна во секој поглед. Лесно се поврзува со луѓето со кои дели слични интереси. Сака да биде прва помеѓу еднаквите. Напредно размислува и верува во својата вистина и се бори за неа. Ги следи своите идеи и ги остварува своите соништа.
Риби
Ако ви треба рамо за плачење, обратете се кај Рибите. Нема да ви делат совети, ќе ве сослушаат и ќе бидат тука за вас. Многу се креативни, талентирани за уметност, од ништо создаваат нешто и пронаоѓаат необични решенија за проблемите.
Имаат добро срце. Им помагаат на слабите и немоќните. Во луѓето го гледаат она најдоброто. Важна им е среќата на оние кои ги сакаат. Ќе се откажат од сопствените интереси, само за да им дадат на другите поддршка и помош. Никој буден не сонува толку романтични соништа како припадниците на овој знак. Сонуваат за идеална љубов во која се сакани и сакаат до крајот на животот.
Текстот Најпозитивните карактеристики на секој хороскопски знак е превземен од Reporter.mk.