Сите познаваме барем една личност која вешто успева да го избегне плаќањето кафе или вечерата затоа што „заборавила“ да го понесе паричникот или затоа што токму сега банкоматот ѝ ја повлече картичката. Освен на дргите, скржавците штедат и на себе и често се грижат и поради најмалиот трошок кој не е нужен. Нив можете да ги препознаете и по нивниот хороскопски знак, а најчесто станува збор за следните знаци.
Бик
Биковите се многу шармантни и популарни во друштво, а тоа знаат да и многу добро да го искористат. Секогаш ги манипулираат другите и да ги частат пијачка или вечера, поради тоа што никогаш немаат грижа на совест. Сепак, тие на себе сакаат да потрошат некој денар повеќе, а штедат на пример на подарокот за роденден на својот пријател.
Девица
Девиците се неверојатно организирани околу секој денар кој го трошат и остро ги осудуваат оние кои не водат сметка околу своите финансии. Никогаш не трошат ако баш не мораат и сакаат да ги сметаат за паметни штедачи иако се, всушност, прилично скржави.
Близанци
Близнаците се опседнати со трошење на сопствени уживања, поради што сите други во нивниот живот мораат да „плаќаат“ за тоа. Како и Биковите, поради добриот статус во друштвото секогаш успеваат да извлечат бесплатна пијачка или вечера, а често лажат и дека немаат само за да си остават некоја пара на страна за ново парче облека или накит.
Текстот Најсебични знаци во хороскопот е превземен од Reporter.mk.