Комета за која научниците од НАСА очекуваат да има најголем отсјај од која било претходна друга, ќе мине покрај Земјата наредната недела. Ова ќе биде една од десетте најблиски средби кои земјата ги имала со еден ваков вид на небесно тело од 1950 година.
Како што наведува „Ју-Ес-Еј тудеј“, кометата ќе биде најблиску до Сонцето на 12 декември. Кометата најблиску до Земјата ќе помине на 16 декември, кога ќе биде на оддалеченост од 11,265,408 километри.
Научниците велат дека кометата ќе може да се забележи со голо око. Најдобро ќе може да се забележи со двоглед и мали телескопи, особено од места надвор од градовите каде небото е почисто.
Додека кометата ќе минува покрај Земјата, научниците од НАСА велат дека ќе имаат можност детално да ја проучат. Одделението за астрономија од Универзитетот во Мичиген, соопшти дека нема шанси кометата да ја погоди Земјата.
Текстот Најсјајната Комета се доближува кон Земјата е превземен од Reporter.mk.